Познати е дека Google фотографирал огромни површини од планетата Земја за Street View и Google Earth проектите, но компанијата прв пат откри за која површина точно се работи.

Корисниците сега знаат дека Street View покрива преку 16 милиони километри, а Google Earth повеќе од 93 милиони квадратни километри. Google Earth бројката е прилично импресивна, поради тоа што компанијата тврди дека сега поктива 98 проценти од површината која ја населуваат луѓето, додека Street View цифрата укажува на тоа дека Google е далеку пред другите сервиси.

Google Earth ги спомена и техниките кои се користени за креирање на фотографии од мапите. Веќе знаеме дека компанијата користи Street View автомобили опремени со камери, кои можат да креираат фотографии од различни агли при возењето. За областите каде што возењето не е можно, Google за обележување на теренот испраќа луѓе со Street View Trekker ранци.

Компанијата објасни и дека користи техника, под името „фотограметрија“ за да се спојат неколку фотографии. Истата техника се користи и за VR искуството на Google (како што се виртуелните тури низ Версак за HTC Vive и Oculus Rift корисниците).