Google нуди голем број на свои „Go“ апликации, што се дизајнирани за достапни уреди кои ја користат Android Go платформата . Ова ги вклучува апликациите како што се Google Go, Google Assistant Go, Gallery Go, Google Maps Go, Google Camera Go и други. Новата апликација Gmail Go обезбедува поминимално Gmail искуство за сите уреди и ги имплементира само основните функции.

Gmail Go листингот на Play Store е речиси идентичен на оној за стандардната Gmail апликација, освен што има нова икона со ознака „Go“ на дното. Сепак, Go верзијата на апликацијата е значително поразлична од стандардниот Gmail.

Корисничкиот интерфејс за Gmail Go ја има истата структура како и стандардната апликација, но не вклучува некои функции. Ја нема долната лента, бидејќи Google Meet не е интегриран во апликацијата. Елементите на корисничкиот интерфејс се порамни, а белата рамка се користи за истакнување на иконите.

Се истакнува дека фрејмерејтот на апликацијата е на ниво што произведува прифатлив лаг/ кочење кога се скрола низ апликацијата, а ова веројатно е оптимизирање на перформансите за да им одговара на уредите со послаби перформанси.

Апликацијата не е ограничена само на  Android Go уредите и ќе биде достапна за сите корисници, може да се преземе ТУКА.