Пред да ја промените профилната фотографија, објавите твит или поставите нова фотографија на Instagram, проучете кој  е најдобриот момент за тоа.

Според апликацијата Latergramme која служи за планирање на објавите на социјалните мрежи, идеален период од денот за собирање лајкови, односно објавување фотографии на Instagram е 17 часот и два часот по полноќ.

На апликацијата наведуваат и дека за секој ден во неделата постои одредено време кога за објавите ќе добиете најмногу лајкови.

Еве го и точниот распоред:

Понеделник: 19 и 22 ч.

Вторник: 3 и 22 ч.

Среда: 17 ч.

Четврток: 7 и 23 ч.

Петок: 1 и 20 ч.

Сабота: 12 и 2 ч.

Недела: 17 ч.