Не е тајна дека Microsoft развива оперативен систем Windows 10х за лаптопи со двојни екрани и други облици на уреди, кои се очекува да стигнат на пазарот следната година. Но, се чини дека компанијата од Редмонд нема да се ограничи на ова.
Според оглас за работа на „LinkedIn“, Microsoft подготвува Windows 10X – базиран на IoT (Интернет на нештата), објави Windows Latest. Тоа е логично, затоа што компанијата веќе има слично решение, познато како Windows 10 IoT Core, кое работи со Raspberry Pi. Системот има графички интерфејс и поддржува UWP апликации.
Сè уште е тешко да се дознаат деталите или техничките аспекти на Windows 10X системот за IoT. Очигледно, ќе има скромни хардверски побарувања и најверојатно ќе биде модуларен. Ова ќе го реши, барем делумно, проблемот со компатибилноста на различни платформи.
Во моментов, нема информации за тоа кога ќе биде објавена новата IoT платформа, колку ќе чини, какви барања и можности ќе има.