Неодамна на една јавна аукција е продаден моќниот Ford GT за 1.815.000 долари, што е четири пати повеќе од основната цена на овој суперавтомобил.

Проблемот е во тоа што оригиналните сопственици на овој модел од лимитираната серија од 2017 година, при купување на автомобилот потпишале договор со Ford дека не смеат да го продадат во првите две години.

Тоа минатата година го направи легендарниот “кечер” и актер Џон Сена набргу откако го купи, па Ford го тужеше во износ од 500 илјади долари поради кршење на условите во договорот.

Сена одговорил со контра тужба, па случајот моментално се “развлекува” по американските судови. Меѓутоа, минатата недела во Индијанаполис на аукција е продаден уште еден GT, па Ford ја истражува и оваа ситуација.

Во прашање е автомобил со сериски број 48 од 250 произведени единици во 2017 година, а има поминато само седум километри. Автомобилот е со сребрена боја со црни линии и темен ентериер.

Сите Ford GT суперавтомобили имаат 3,5 литарски V6 битурбополнач агрегат со седумстепен автоматик кои располагаат со 656 коњски сили и 746 Nm со погон на задната осовина.

Останатите единствени детали на возилото се бандажите со сребрена боја со диск кочници од карбон-керамика. Основната цена на овој суперавтомобил изнесувал околу 450.000 долари.

Извор: B92.net