Светот на технологијата е толку многу развиен што има навлезено во предметите кои ги користиме во секојдневието, па покрај „паметните“ (smart) телефони, постојат паметни домови, автомобили, а сега и паметен соларник.
Резултат на тоа е SMALT, паметен соларник на компанијата Herb & Body за кој се вели дека е првиот соларник од ваков тип во светот, специјално дизајниран да го подобри искуството додека јадеме.
SMALT има стилски дизајн, интегрирано амбиентално осветлување кое помага да се постави „тонот„ на оброкот, како и вграден Bluetooth звучник на кој може да се пушта музика од било кој уред кој го подржува тоа.
Притоа, количината на сол може да ја мери преку мануелни „тресења“ (shake), „прстофат“ (pinch) или едноставно „истурање“ (pour), што е од исклучително значење при готвење со следење на разни рецепти. Со него следи и Android и iOS бесплатна апликација.
Покрај сето ова, корисниците ќе можат да го контролираат и преку интеграција со Amazon Alexa асистентот кој функционира со говорни команди.
Регуларната цена ќе му биде околу $200, а преку неговата Indiegogo кампања таа изнесува половина од тоа.