Легендарното Југо освен што беше популарно во своето време, без оглед на главобоките кои им ги задаваше на стопаните, беше ѕвезда на бројни вицеви, а сега се појави и во еден анимиран филм.

Моделот Југо го имаше своето холивудско деби во филмот „Умри машки“, кога во него се возеше актерот Брус Вилис, а на крајот на годината ќе стигне и во кината во анимираниот Спајдермен, во кој човекот пајак запознава момче слично на себе и решава да го обучи да се бори против криминалците.

Во една сцена, додека Спајдермен лета над градот, се гледа реклама за југо.

На билбордот пишува: „Wherever Yugo, I Go”. А под тој слоган пишува порака: “I’ll get you from A to B.”