Economic Daily News пренесува дека Apple е во преговори со Qualcomm и другите компании во врска со сензорот за отпечатоци за прсти на iPhone. Меѓутоа, овој пат сензорот би можел да се наоѓа под екранот на смартфонот.
Гласините сугерираат дека тоа би можело да се случи веќе следната година. Се шпекулира дека ќе се работи за ултразвучен сензор, што досега беше достапен само кај Samsung Galaxy S10.
Постои можност Apple во 2020. година да лансира два сета на iPhone модели, така што во следните неколку месеци ќе се знаат повеќе информации за овие сензори.