Microsoft развива нов програмски јазик, дизајниран за создавање на апликации, кои не се склони кон најчестите безбедносни проблеми. Проектот, познат како Verona, се заснова на јазикот Rust, создаден од Mozilla – девелоперот на Firefox, објави ZDNet.

Клучна разлика помеѓу Verona и Rust е во тоа што јазикот на Microsoft користи модел на сопственост, базиран на групи одобјекти, а не на единечни објекти. Се очекува изворниот код за тековниот развој да биде отворен под бесплатната лиценца Apache 2.0.. Складиштето на проектот веќе се појави на платформата Github, која Microsoft ја стекна во 2018 година, но засега е празно.

Се тврди дека Microsoft исто така може да преработи некои од компонентите на ниско ниво на Windows 10, користејќи го модифицираниот Rust јазик, за да ги отстрани потенцијалните проблеми што се појавуваат при користење на јазиците C и C ++.