Извршниот директор на Huawei, Рен Женгфеи повторно го повтори своето предупредување до Владата на САД дека еднаш кога оперативниот систем на компанијата Harmony стане оперативен, тоа ќе има големо влијание на компанијата како што е Google и враќање веќе нема да има.
Huawei неодамна потврди дека американските санкции доста му наштетија на компанијата, а ова посебно се однесува на недостатокот на клучниот софтвер на Google, Play Store и апликациите како што се Search и Maps на Huawei уредите.
Во интервју за CNN, Женгфеи истакна дека одлуката на САД на крај ќе и овозможи на конкуренцијата да оствари предност доколку се продолжи со санкциите и со забраната за трговија со американските компании. Доколку Huawei не може да соработува со американските снабдувачи, ќе мораме да се свртиме кон алтернативите, истакна Женгфеи. Доколку тие алтернативи станат исплатливи, ќе биде тешко да се вратиме на староте верзии на соработката, истакнува тој.
Според зборовите на Женгфеи, доаѓањето на топ позицијата помеѓу производителите на телефони во светот на Android нема да биде проблем за компанијата Huawei, само што сега за тоа ќе биде потребно малку повеќе време.
Минатата година, Министерството за трговија на САД и ја продолжи привремената лиценца на компанијата Huawei, со што малку се ублажени рестрикциите за делувањето на кинеската компанија за уште 90 дена.