Компанијата OnePlus има добра репутација кога е во прашање испораката на исправки и закрпи по објавата на телефоните. Компанијата, исто така, редовно додава нови функции, кои пристигнуваат преку софтверски ажурирања, за да се надоместат хардверските лимити кои ги има актуелната генерација на премиум телефони на компанијата.

На OnePlus форумите, програмерот OxygenOS објави листа на некои од функциите на кои се работи, а кои се засновани на повратните информации на корисниците. Овие каракеристики се веќе потврдени и се во фаза на развој или бета тестирање за OnePlus 7 Pro и вклучуваат:

  • Видео снимање со широкоаголна камера
  • One Plus Launcher адаптивни икони
  • Повеќе апликации во Recents менито
  • Звучни ефекти за полнењето
  • Блокирање на пораки со помош на клучен збор
  • Блокирање на повици во подесувањата на телефонот
  • Digital Wellbeing за постарите модели

Постојат уште неколку функции кои се разгледуваат, но OnePlus не ја објави временската рамка во текот на која би можеле да бидат дел од развојот или тестирањето пред имплементацијата во надградбата.