Sony гледа голема иднина во својата Image Sensing Innovative технологија, која со години нуди импресивни можности за мобилна фотографија. Компанијата се пофали дека нарачките за Multi-Camera и Large-Size модулите на производителите на смартфони ги надминале нивните очекувања. Sony го зголеми производството на вакви сензори за да одговараат на големата побарувачка. Јапонскиот производител работи и на нова генерација на камери кои нудат уште подобри карактеристики за снимање.

Главниот фокус на стратегијата на Sony е HDR видеото, можностите за снимање при слаба светлина и брзите системи за автофокус. Компанијата дури се обиде да понуди ист квалитет на своите камери, како на SLR-фотоапаратите. Плановите на Sony вклучуваат интеграција на големи модули и развој на нови камери ToF за мобилни уреди. Една од нивните идеи е поврзана со развојот на Fusing технологијата за подобрување на квалитетот на HDR+.

Оваа иновација ќе ја намали заматеноста на позадината и ќе помогне во фокусирање на предметите во преден план. Sony работи напорно на напредните верзии на системите за автоматско фокусирање HDR + и AF Pixel. Благодарение на нив, секој пиксел може брзо да се фокусира во ситуации со слаба осветленост. Јапонскиот производител исто така потврди дека 80% од приходите на Sony Semiconductor одделот на Sony ќе бидат генерирани од камерите за паметни телефони оваа финансиска година.