Превозничката компанија Uber не доби нова лиценца за работа во Лондон, објави регулаторот за превоз Transport for London (TfL), а пренесе Би-би-си.
Регулаторот смета дека апликацијата за превоз, која функционира како приватно такси, не е соодветен и валиден модел за лиценца и покрај тоа што направила голем број позитивни промени во Лондон.
Uber ја изгуби лиценцата во Лондон поради безбедносни проблеми во 2017 година, но подоцна му беше продолжена уште 15 месеци.
BREAKING: London’s transit operator declines to renew Uber’s license to operate in the British capital. Transport for London cited “several breaches that placed passengers and their safety at risk.” https://t.co/mR4Fy9k5A9
— The Associated Press (@AP) November 25, 2019
Компанијата најави дека ќе поднесе жалба на решението и дека има право да продолжи да работи во текот на постапката.