Апликацијата за креирање и споделување на кратки видеа TikTok, која е достапна на Android и iOS е се попопуларна. Кинеската компанија ByteDance, која стои зад апликацијата, сака максимално да го искористи овој успех.

Според пишувањето на Financial Times, во ByteDance размислуваат за претставување на паметен телефон, кој ќе ја промовира TikTok апликацијата. Доказ за тоа е наводната намера на ByteDance да ја преземе интелектуалната сопственост на кинеската компанија Smartisan, кој во своите најдобри денови, од 1989 до 1996. година соработувала со Роберт Брунер, тогашниот главен дизајнер на Apple и подоцна челниот човек во развојот на iPhone 4.

Бидејќи TikTok смартфонот на пазарот ќе се бори со длабоко заситениот и фрагментиран пазар на паметни телефони, но ќе се соочи со неуспехот на сличните промотивни проекти (на пример Amazon Fire Phone). TikTok смартфонот би требало да пристигне со цела низа апликации на ByteDance, како што е онаа за агрегација на содржини TopBuzz или пак апликацијата за вести News Republic.