Откако им го скри бројот на лајкови и видео прегледи и кај нас на многу корисници (се уште не на сите), Instagram воведе опција за пребарување на лајкови.
Кога ќе влезете во лајковите на својот или туѓ профил, користејќи го кликот на опцијата „…и други“, ќе имате прилика да го видите вкупниот број на лајкови на дадена објава на својот профил или само дел од лајковите на профилите, кои ја лајкувале содржината, ако гледате некоја туѓа содржина на мрежата.
Веднаш над се наоѓа и новитет – линија за пребарување, која е додадена за брзо откривање на тоа дали точно одреден профил ви ја лајкнал сликата или не. Пребарувањето е можно да се користи и на лајковите на другите профили, но само, ако профилот кој го барате е дел од истакнатите профили, кои мрежата избрала да ги прикаже дека ја лајкнала таа содржина.
Instagram најпосле го додае и „from Facebook“ на почетната страница, во текот на учитување на апликацијата, па новото име Instagram from Facebook ја имаше својата премиера во верзијата на апликацијата Instagram v121.0.0.24.119.
Оваа верзија на апликација моментно им е достапна само на некои корисници кај нас и во светот и дали ја имате или не и кога ќе ја добиете зависи исклучиво од тоа кога серверпт ќе ве опфати со промените.
Дури и да ја имате најновата верзија на Instagram, не мора да значи дека ќе ги видите сите овие промени.
Можеби повеќе го гледате вкупниот број на лајкови под фотографијата или бројот на прегледи под видеата на Instagram објавите, но сега имате на располагање нова опција.