Apple објави дека во понеделник на 2. декември во 10 часот навечер во Њујорк ќе направи настан на кој „ќе се слават омилените апликации и игри за 2019 година“. На поканата се напишани само зборовите, „Сакан од милиони, направен од најдобрите“.
Apple инаку направи само соопштение во кое детално ги опишува омилените апликации и игри и тоа го прави секоја година. Меѓутоа, изгледа оваа година одлучиле да направат церемонија наместо само да објават. Производите не се очекува да бидат претставени на настанот.
Некои извори велат дека ваквата конференција била планирана да се одржи во октомври, меѓутоа компанијата на крајот одлучи да претстави производи наместо прекрасен настан. Неодамна, Apple го претстави новиот MacBook Pro од 16 инчи, и новиот AirPods Pro со потиснување на бучава.
Извор: PC Press.rs