Неколку часа пред првиот лет на ракетата Falcon Heavy, најбогатиот човек на планетата, Џеф Безос, му посака среќа на неговиот директен конкурент Елон Маск. Овој пак, во негов стил, му одговори на мултимилијардерот од Amazon.

Сопственикот на Space X и Tesla, Елон Маск, е познат по неговиот смисол за хумор, па затоа му одговори на Безос онака како што најдобро знаеше.

„Многу среќа до Space X со лансирањето на ракетата Falcon Heavy вечерва – се надевам на убав, мирен лет“, напиша на Twitter Џеф Безос.

Елон Маск не можеше да издржи и ја продолжи пријателската конкуренција помеѓу двајцата моќници, заблагодарувајќи му се и оставајќи емотикон со бакнеж во неговиот твит.

Компанијата на Џеф Безос, Blue Origin, која исто така има намера да прати ракети во вселената, сѐ уште нема извршено ниту еден комерцијален лет.

Сепак, Безос е многу попознат како основач на компанијата Amazon и според последните податоци, е најбогатиот човек на светот. Amazon неодамна беше прогласен за највредниот бренд на светот.