За прв пат во последните 15 години, Sony излезе на чело по пазарна капитализација меѓу јапонските производители на електроника, соопшти Nikkei. Компанијата поскапува, бидејќи е слабо погодена од негативните последици на трговската војна меѓу САД и Кина.

Во понеделникот, котите на Sony се зголемија за 4,44%, за да стигнат до 5.692 јени (51,23 долари) за акција на крајот на берзанската трговија. Како резултат на тоа пазарната капитализација на компанијата порасна до 7,21 трилиони јени (65,2 милијарди долари).

Sony веќе е поскапа за 17,3 милијарди јени од својот најблизок конкурент – компанијата Keyence – и е рангирана на прво место меѓу јапонските производители на електронски производи, регистрирани на Токиската берза.

Истовремено, акциите на Keyence, специјализирана за производство на сензори и мерни уреди, поевтинија вчера до 59.230 јени (533,13 долари) за кеш.