Во британскиот парламент за пет месеци се забележани повеќе од 24.000 обиди да се отворат порнографски содржини на интернет. Веста ја потврдија новинари на весникот „Daily Mail“.

Весникот се потпира на официјалните податоци од парламентот за периодот од јуни до октомври минатата година. Обидите се да се приклучат на порнографски сајтови од персоналните компјутери на пратениците и нивните помошници, како и од гости во парламентот преку локалната Wi-Fi мрежа.

Анализата покажа дека во текот на еден ден, имало околу 160 обиди да се отворат сајтови со порнографска содржина од интернет мрежата на британскиот парламент. Сепак, сите такви обиди се блокирани.