Изборот на совршен стан е одлука што влијае на животниот стил и натамошната динамика на целото семејство. Токму поради тоа, посебно внимание се обрнува на структурниот идентитет, на гаранцијата за квалитет, изборот на местото на живеење, големината на станот, околната инфраструктура, придружните содржини и сите елементи кои се неопходни за едно живеалиште.
Постојаниот доток на сончева светлина е меѓу најважните предуслови за еден стан да се претвори во дом. Покрај очигледното психолошко влијание кое го има сончевата светлина, таа влијае и биолошки – ги убива бактериите, ги негува растенијата во станот и ви дава природна светлина, која е неопходна за квалитетен живот.
Северно ориентираните станови постојано имаат недостаток од сончева светлина и топлина, што ги прави становите со лоша изолација многу потешки за загревање во зимските месеци. Становите со еднослојно стакло на прозорците и лоша изолација, пак, што се само западно ориентирани имаат проблем во лето затоа што сонцето е силно, па топлината се зголемува цело попладне и природната вентилација е помалку ефективна, така што ролетните треба да бидат спуштени и клима-уредот мора постојано да работи.
Кога инвестирате во недвижности најважно е да одберете добра локација, исклучителен поглед, зелена околина, стабилност од земјотреси, но многу важни елементи се и репутацијата на изведувачот, еко – конструкцијата и достапноста до паркинг место. Уште подобро е кога некој друг ќе ги избере сите овие работи наместо вас, каков што е случајот со „Diamond of Skopje“ – најновата елитна инвестиција на Limak која во блиска иднина ќе го разубави Скопје. Лоциран во центарот на градот, „Diamond of Skopje“ ќе им понуди на неговите станари максимална удобност, директен пристап до 12.000 квадратни метри зелена површина, поглед кон сите четири страни на градот, гарантиран квалитет на конструкцијата и постојан доток на сончева светлина, благодарение на совршената позиционираност на комплексот.
Откако локацијата ќе биде одредена, станот ќе биде избран и сите надворешни детали ќе бидат готови, фокусот се префрла на трите најважни соби во него:
Дневната соба е срцето на секој дом. Централна просторија со која располагате за во неа да поминете најмногу време во текот на денот, да уживате, да работите и поради тоа, на неа се гледа како претставник на домот. Исто така е најпопуларното место за забава на гостите, како и место каде што семејството се собира заедно за да го заврши денот или да ужива во телевизиската програма. Затоа, многу е важно таа да биде добро поставена, просторна и уредена пријателски со цел да се обезбеди удобност на домашните и на посетителите.
Спалната соба во секој дом зазема посебно место. Имено, таа е просторија во која секој треба да се чувствува пријатно и да ужива во нејзината атмосфера, бидејќи во спротивно нема да дојде ниту до закрепнувачки сон, ниту пак до уживање во добра книга или шолја чај. Меѓутоа, освен што служи како место за одмор, таа мора да биде функционална и да ги задоволува најважните потреби – да е доволно голема за да се опише како удобна, а притоа и доволно практична за да не зафаќа преголем дел од станот.
Кујната, која многумина ја нарекуваат „душата на домот“, треба да биде приспособена према стилот на живот на домаќините. Доколку уживате во готвењето, тогаш веројатно ви е потребна поголема кујна, каде ќе може да сместите повеќе мебел, храна, зачини и сето она што ви е потребно за готвење. Меѓутоа, доколку поминувате малку време во кујната, препорачливо е таа да одзема помал простор од станот, со цел да се приоретизираат собите во кои поминувате повеќе време.
Последно, но не и најмалку важно: Без разлика дали поседувате автомобил или не, побарајте го вашето паркинг место, кое би требало да следува со секој купен стан. Дури и ако не го користите вие, ќе го искористи некој од вашите гости кој доаѓа со автомобил.