Во базата на податоци на „Роспатент“ се објавени прикази на товарно возило без кабина кое ќе има електричен погонски агрегат. Пријавата е поднесена минатото лето, а како носител на правата е наведена компанијата „Камаз“.

Бидејќи нема кабина, камионот изгледа необично, правоаголна каросерија на шасија со две осовини и мал клиренс, како и тркалезни светла и задни фарови.

Нема детали во врска со погонскиот агрегат освен дека е електричен. Може да се очекува прикажаното возило да е самовозечко.

„Камаз“ кон крајот на минатата година најави тестирање на самовозечкиот камион „Камаз 4308“. Камионите-роботи се тестираат на површинските копови во Кузбас. Потоа компанијата планира производство на кипери без возач за превоз на јаглен и земја на површинските копови.

Извор: Russia Beyond