Секс роботи кои можат да „дишат“ со помош на градниот кош, наскоро би можеле да станат реалност.
Компанијата Cloud Climax, британски производител на AI-AITech, истакнува дека има голем напредок во развојот на нивниот премиум модел Ема.
Целта е да му се овозможи на роботот да ги движи рацете и нозете за да може да оди. Сепак, до тој момент ќе помине некое време. Засега, во обид да го направат роботот што е можно посличен на човекот, неговите конструктори сакаат да му овозможат да „дише“ за време на водењето љубов.
„Cloud Climax и AI-AITech работат на движења на рацете, додека последното видео на DS Doll Robotics ги прикажува движења на нозете. Со текот на времето, Ема би требало да може да ги движи рацете и да користи паметен „граден кош“ кој „дише”. Конечно, би треблао да ги користи и нозете и да оди“, вели Сем Вајт, менаџер на Cloud Climax, фирма која ја застапува и DS Doll Robotics.
This is Emma the Sex Robot with full AI Artificial Intelligence capabilities is now available to order from Cloud Climax® Order her today! https://t.co/2sWZaOnKBa pic.twitter.com/kJcWwzE5sZ
— AI-AITech.co.uk (@AitechAi) January 23, 2019
Манекенката Ема е прва секс кукла со можност за користење вештачка интелигенција. Беше пуштена во продажба оваа година, и тоа по цена од 2.799 фунти (околу 3.250 евра).
Производителот им ветува на купувачите „човечко искуство“, што значи дека роботот ќе може да ги запамети особините на корисникот, да разговара со нив и да трепнува. На клиентите, исто така, им се нуди и избор од повеќе различни изгледи на лицето и телото на Ема.
За само неколку години, роботите би можеле толку да напредуваат, што е сосема можно дека тешко би можеле да разликуваме робот од човек, заклучува британскиот The Sun.