Samsung го претстави својот најнов QLED телевизор, моделот Q9 од 88 инчи. Телевизорот претходно оваа година дебитираше во Југоисточна Азија, а на територијата на Европа стогнува подоцна овој месец.
Samsung Q9 донесува супериорен квалитет на сликата и перформанси во складен дизајн, а TV доби рекордни оценки од реномираниот Video Magazin од Германија.
Како единствени телевизори што постигнуваат 100 проценти волумен на бои, QLED TV уредите на Samsung испорачуваат живописни слики, богати со бои, баш ккао што е наменето да се види со помош на Quantum Dot технологијата. QLED TV Boundless 360 дизајнот помага да се премости амбиентот на различните соби во кои е сместен телевизорот, а неговиот 1,88 мм транспарентен кабел (познат и како Invisible Connection) овозможува лесна конекција на периферните уреди. Далечинскиот управувач овозможува контрола на поврзаните уреди на телевизорот со помош на еден единствен управувач.