Google за време на својот хардверски настан го претстави и Pixelbook Go, првиот лаптоп на компанијата од 2017 година. Лаптопот претставува подостапен уред од оригиналниот Pixelbook, но сепак нуди неколку интересни функции.
Компанијата не ги спомена спецификациите на уредот и повеќе се фокусираше на дизајнот. Pixelbook Go е тенок само 13 мм и тежи 907 грама, но сепак нуди траење на батеријата до 12 часа. Google го примени и новиот брановиден дизајн, кој е сместен во долниот дел на Pixelbook Go, што го прави полесен за држење.
Pixelbook Go има и нова тастатура, со копчиња што Google ги нарекува Hush Keys. Компанијата ветува дека ќе се комфорни за користењ и за пишување, но тие се и потивки од копчињата на оригиналниот Pixelbook. Тастатурата има и сет стерео звучници, а кога станува збор за конекцијата, има два USB Type-C порта од двете страни и 3,5 милиметарски приклучок за слушалки.
Иако Google не ги прецизираше спецификациите, сајтот The Verge споменува дека лаптопот има опција за избор од Intel Core m3 до Core i7 процесор, до 16 GB RAM и 256 GB простор за складирање. Дисплејот од 13,3-инчи може да се избере со Full HD резолуција или 4K.
Кога станува збор за софтверот, Pixelbook Go секако пристигнува со Chrome OS, a ветува непрекинато ажурирање, вградена заштита од вируси и брзи времиња на вчитување.
Google Pixelbook Go ќе биде достапен во Just Black и Not Pink варијанти, по почетна цена од 649 долари.