Со претставување на новите генерации на iPhone уреди, постарите модели најчесто поевтинуваат за сто долари, но досега поголем дел од љубителите на компанијата не ги интересираше постариот модел, туку најновите/поскапи уреди. Така беше се до овој септември, но според информациите на аналитичарите на  KeyBanc Capital Markets базирани на истражувањата спроведени помеѓу операторите во САД и Велика Британија, се чини дека корисниците овој пат се одлучија за поевтиниот модел и повеќе луѓе ги купуваат минатогодишните модели iPhone 7/7 Plus, отколку годинашната „осмица“.

iPhone 8 и 8 Plus во САД и на другите големи европски пазари се појавија на 22. септември, но веќе во текот на првиот продажен ден се чинеше дека одзивот на корисниците е послаб во однос на претходните години.

Во САД цената на iPhone 7 од 649 долари падна на 549 долари (секако, цената е многу помала со потпишување на двегодишен догор со мобилните оператори), додека за iPhone 8 треба да се платат дури 699 долари. Освен цената, една од причините за ваквата навала за седмицата би можеле да бидат и бројните рецензии во кои новинарите ги пофалија iPhone 8 и iPhone 8 Plus, но поголемиот дел од нив се согласија дека овој уред не донел некои револуционерни промени во однос на седмицата – најголемата разлика е во безжичното полнење,  и за корисниците на кои тоа не им е пресудна опција, iPhone 7 навистина се чини како порационален избор.

Сепак, аналитичарите сметаат дека причина за послабата продажба на iPhone 8 не е само во поповолната цена на седмицата, туку дека поголем број од љубителите на Apple и корисниците на кои им истекуваат двегодишните договори не сакаат да ја купат осмицата, туку го чекаат продажбата на iPhone X. „Десетката“ ќе се појави во продажна на почетокот на ноември, но напочеток ќе бидат достапни ограничени количини на овие уреди, така што фановите кои со нетрпение го очекуваат „најдобриот iPhone досегa“, веројатно ќе мораат да чекаат со недели или месец за драгоцениот гаџет да се најде во нивниот џеб.

Новинарите на CNET го контактираа Apple и поставија прашања врзани со продажбата на iPhone, но како што веќе сме навикнале од оваа компанија, не добија никаков коментар.