Претстојните P40 и P40 Pro телефони на компанијата Huawei би требало да бидат официјализирани следниот месец. Откако се појавија во протечните рендери и на фотографиите во живо, смартфоните од Huawei P40 серијата сега се сертификувана во Кина.

Двата телефона имаат ознаки на моделите ANA-AN00/ANA-TN00 (за Huawei P40) и ELS-AN00/ELS-TN00 (за Huawei P40 Pro) и се појавија на TENAA листингот. Ова не открива премногу за теелфоните, освен поддршката за 5G и две SIM картички. Исто така, потврдено е дека телефоните работат на Android, но нема информации за тоа дали ќе ги поддржуваат сервисите на Google или пристигнуваат со Huawei Mobile Services.

Покрај Huawei P40 и Huawei P40 Pro моделите, се очекува дека кинеската компанија ќе претстави и специјална варијанта – Huawei P40 Pro Premium Edition (на фотографијата).

Претходните гласини сугерираа дека Huawei P40 и неговата Pro варијанта ќе имаат систем со четири камери на задната страна. Pro модулот ќе има модул во перископ стил и можно 10X оптичко зумирање. Huawei Pro Premium Edition ќе додаде уште еден сензор и ќе се испорачува со вкупно пет задни камери.