Претходно овој месец, дојавувачот @evleaks објави фотографија од претстојниот смартфон Huawei Enjoy 10. Истиот уред се појави и на TENAA сертификација, а сега Huawei официјално објави дека Enjoy 10 ќе биде претставен на 19 октомври.
Кинеската компанија го потврди објавувањето на телефонот преку својот Weibo портал, повикувајќи се на кинескиот пазар. Објавени се и тизери, кои укажуваат на најмалку две опции на градиент бои. Не е видлив сензорот за отпечатоци од задниот дел, а смартфонот има две камери. На предната страна се наоѓа punch-hole дисплеј.
Huawei Enjoy 10 TENAA листингот претходно откри дека телефонот ќе има 6,39 инчен LCD дисплеј со резолуција 1560 x 720 пиксели. Уредот ќе се напојува со батерија од 3900mAh и ќе користи чипсет на 2.2GHz, за кој се смета дека е Kirin 710F. Се очекуваат 48MP + 8MP камери на задниот дел, како и селфи камера од 8MP.