На 9 и 10 октомври во Амстердам ќе се одржува World Summit AI на кој Pixyle.ai, стартап компанија од Штип, Македонија, е одбрана да биде еден од петте стартапи кои ќе направат своја презентација.
Д-р Светлана Кордумова, основачот на Pixyle.ai, ќе го презентира својот софтвер за визуелно препознавање на фотографии, кој им овозможува на купувачите да го пронајдат производот кој што го сакаат, само со користење на една слика.
Повеќе информации за компанијата и настанот можете да најдете на следните линкови:
https://www.pixyle.ai и https://worldsummit.ai/session/startups-showcase/