Употребата на најлонски кеси и генерално, употребата на пластика почна да зазема големи размери во последните години. Во 2016 година, на светско ниво беа продуцирани повеќе од 35 милиони тони пластика, а половината од тоа наменета за еднократна употреба како најлонски кеси, шишиња и цефки. Овие производи остануваат во нашиот еко систем и до 1000 години. Научниците проценуваат дека до 2050 година, во океаните ќе има повеќе пластика отколку риби.

Изгледа како невозможна задача секоја единка да направи нешто, но потребен е мал напор и идеја која ќе се реализира.

Една од идеите за намалување на пластиката во светот е онаа која се реализира во ланец маркети во Азија.

Римпинг Супермаркетите во Тајланд, неодамна почнаа најлонските кеси за пакување да ги заменуваат со листови од банана кои во моментов се користат за пакување на зеленчукот.

На секој лист од банана, се наоѓа налепница со баркодот на производот и забелешка на која стои дека и листот и производот се без пестициди. Иако, самите налепници се еден вид пластика за една употреба, сепак ова е еден чекор напред кон кој мора да се приклучуваат сите супермаркети.

Извор: www.hybread.mk