По пет месеци одложување (првично беше најавен за 22 април), Samsung Galaxy Fold конечно ќе биде официјално пуштен во продажба на 27 септември во Северна Америка. Првиот телефон на преклопување во светот за кој се очекува да биде комерцијално успешен ќе биде достапен преку понудата на AT&T, но и „отклучен“ во Best Buy и другите продажни ланци на мало.
Со оглед на тоа дека многу се зборуваше за квалитетот на екранот на местото на преклопување, Samsung се одлучи на сите клиенти да им понуди Galaxy Fold Premier Service – што веројатно беше и причината за неодамнешното откажување на претходните телефонски резервации во претпродажба. Во суштина, компанијата на овој начин сака на своите клиенти кои се подготвени да платат 2.000 долари за телефон, да им обезбеди дополнителна сигурност при купување.
Иако многу работи се поправени и сега Galaxy Fold е значително поцврст од првите модели, Samsung неодамна објави видео во кое дава совети како да го користите уредот, за да не се скрши. Во него се нагласува дека е доволен само „нежен допир“ на екранот, како и дека не е неопходен „посилен притисок“ за да се остварат командите, што и понатаму не вметнува голема доверба во телефон кој ќе биде најскап на пазарот.
Извор: PC Press.rs