Xiaomi, како и подбрендот на компанијата Redmi во последно време претставија голем број на производи. Најголемиот број нови телефони на двете компании пристигнуваат со 5G поддршка, а судејќи според новиот извештај Xiaomi ќе престане да произведува 4G телефони до крајот на 2020. година.

Информацијата пристигнува од Леи Јун, Извршниот директор на кинеската компанија. Во интервју за агенцијата Ксинхуа, Јун ги откри плановите на својата компанија.

Според неговите наводите, 5G ќе внесе револуција во индустријата со апликации како што се 4K/8K видео конференциите, cloud гејминг (стримување на игри) и авто-пилот. Поради тоа, Xiaоми ќе се фокусира на 5G телефоните,

Xiaomi наводно веќе ги исчистил своите залихи на 4G телефони и се свртува кон 5G моделите. Меѓутоа, многумина веруваат дека ова е случај само за Кина и другите пазари кои се подготвени за 5G. Се очекува дека Xiaomi ќе продолжи да објавува 4G уреди на пазарите во развој.

Покрај тоа, компанијата веќе почна со прелиминарно истражување на 6G и сателитските интернет технологии.