Новиот уред на Poco се појави на неодамнешнниот FCC листинг, а изгледа дека се работи за Poco M4 Pro. Сертификатот не нуди увид во целосните карактеристики на телефонот, но има одредени детали.

Poco M4 Pro ќе биде објавен со две опции за меморија и простор за складирање: 4GB / 64GB и 8GB / 128GB. Исто така, ќе поддржува 5G и NFC. Телефонот ќе работи под најновата Xiaomi MIUI 12.5 платформа.

FCC сертификатот не открива други детали за уредот, но листингот потврдува дека не сме премногу далеку од објавувањето на Poco M4 линијата. Некои веруваат дека тоа ќе се случи на почетокот на ноември.

Се очекува дека M4 Pro ќе ја продолжи традицијата на Poco линијата со ниска цена. Неговиот претходник Poco M3 Pro, имаше цена под 200 евра, а слична цена би можел да има и M4 Pro.