iOS 13 веќе неколку дена е достапен речиси за сите iPhone уреди, а во текот на утрешниот ден се очекува и апдејт кој ќе донесе CPU throttling опција за iPhone XR и XS.
Apple веќе наиде на проблеми кога призна дека ги забавувал процесорите на постарите iPhone модели во 2017. година.
Многумина го обвинија технолошкиот гигант од Купертино дека намерно ги забавувал постарите модели за да ги примора нивните сопственици да купуваат нови iPhone уреди, додека Apple инсистираше дека тоа го прави за да го намали трошењето на батериите кои загубиле добар дел од капацитетот поради старост.
Apple подоцна ја додаде опцијата корисниците сами да бираат дали сакаат побавен процесор и подолго траење на батеријата или не.
Оваа функција автоматски се активира само кога ќе детектира слаба батерија, но корисниците и натаму можат да ја деактивираат ако сакаат.
Најновите iPhone модели пристигнуваат со значително понапредно управување на перформансите, па оваа опција не би требало позначајно да ги забави, или да го зголеми трошењето на батеријата.