Три нови смартфони на Motorola пристигнуваат на европскиот пазар, откако се појавија во Бразил и Индија.

Moto G9 Play ќе чини 170 евра во Белгија, Германија и Холандија, 190 евра во Франција, 200 евра во Шпанија, 230 во Италија, а во Велика Британија 160 фунти.

Moto G9 Plus во Европа ќе чини нешто помалку од 350 евра.

Се очекува да пристигне и моделот Moto E7 Plus, но засега не е позната неговата цена.

Moto G9 Play и E7 Plus се речиси идентични, а се разликуваат според процесорот, едниот има Snapdragon 662, другиот има Snapdragon 460 процесор, така што нè очекува слична цена.

Moto G9 Play има 6,5-инчен IPS LCD екран со резолуција од 1.600×720 пиксели и формат 20:9, а доаѓа со 4 GB RAM и 64 GB интерна меморија. Позади се сместени 3 камери: главната од 48, 2 MP и сензор за длабочина од 2 MP. Селфи камерата има 8 MP. Уредот го напојува батерија од 5.000 mAh и поддржува брзо полнење.

Сите уреди го користат оперативниот систем Android 10.