Оперативниот систем на Google – Chrome OS можеме наскоро да го очекуваме и на таблет уредите. Оваа компанија интензивно работи на него со цел на корисниците да им обезбеди што поголем број на можности за подобра работа со Android апликациите на мобилните уреди кои го користат Chrome OS.

Една од таквите функции е и поддршката за split-screen, која сега е достапна во каналот Chrome OS Canary.

За оние кои се уште не се запознати, Canary build е верзија на софтверска компилација кој се уште не е во целост тестирана. Наменета е за оние кои во што е можно пократок рок сакаат да видат што е се ново и да ги откријат „баговите“. Таквите верзии не се наменети за јавна употреба.

Chrome прозорците и изворните апликации во Chrome OS може да се сместат едни покрај други, што меѓутоа не функционира кај Android апликациите инсталирани од Play Store.

Со оглед на тоа дека Chrome OS ќе добие своја таблет верзија, важно е дека и функциите како што е поделба на екранот ќе ги поддржува постоечките Android апликации.

Фунцкијата за поддршка додадена во Canary каналот тоа го овозможува, но во блиска иднина сепак се очекува пристигнување на стабилна верзија за Chrome OS.

Извор: B92.net