Твитер избриша неколку илјади налози поврзани со странски земји заради ширење лажни информации, соопшти таа социјална мрежа.

Во извештајот се наведува дека отстранетите налози се од Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија, Египет, Шпанија и Еквадор, покрај минатомесечните 200.000 отстранети од Кина.

Од избришаните налози од Обединетите Арапски Емирати, 4258 биле лажни и ширеле лажни информации за војната во Јемен, а 267 биле заеднички египетско-емирски налози, вклучени во кампања за дезинформација против Катар и други земји, како што е Иран. Овие заеднички налози биле создадени и управувани од технолошката компанија „Дот Дев“ со седиште во Египет и Обединетите Арапски Емирати и исто така шири пораки и за поддршка на саудиската влада.

Затворени се и 259 лажни профили на Народната партија. Во Еквадор се отранети 1019 налози, поврзани со владејачката политичка коалиција.