Apple оваа година го претстави iPhone 11 Pro, кој секако се издвојува со својот дизајн со три камери на задната страна. Оние кои не се фанови на естетиката за која се одлучи Apple, сигурно ќе бидат разочарани од информацијата дека компанијата планира сличен дизајн да примени на годинашните iPad Pro модели, што го покажува и рендер фотографијата која ја објави Sony Dickson.
Уредот на фотографијата е дизајн прототип, заснован на официјалните информации кои се појавија за таблетот и би требало да претставува реплика која е приближна на финалниот хардвер. Можно е, сепак, дека испакнатата камера ќе изгледа поинаку на финалниот производ кој ќе пристигне на пазарот.
Се очекува дека iPad Pro ќе го добие квалитетот на камерите што го имаат телефоните на Apple, што ќе го олесни креирањето и обработката на фотографии на еден уред. iPad Pro најверојатно ќе пристигне со A13X Bionic чипсетот на Apple, а можно е дека ќе биде претставен во текот на октомври.