Вашите недоумици конечно завршуваат со трите апликации кои практично се опишани како Shazam за растенија. Достапни се на обата оперативни системa iOS и Android и се базираат на истиот принцип, но со сосема малку различна технологија и интерфејс.
Leafsnap е апликација создадена од страна на универзитетски истражувачи, PlantNet е особено погодна за истражување на растенија на европското тло, додека Plantifer се поврзува со податоците од сајтот mygarden.org.
За нас е секако најпогодна втората апликација PlantNet која може да ја пробате уште денес.
Еве како функционира: фоткате одредено растение, а потоа ја прикачувате сликата. Алгоримот потоа го користи пребарувачот на Гугл за да пронајде слични фотографии. Откако ќе собере доволно податоци за споредба, му го кажува на корисникот името, односно видот на растението.
Досега има каталогизирано над 6.000 различни растенија само во Западна Европа, но и многу флора во Америка, Канада, Северна Африка, а самата апликација се заснова на помошта од корисниците кои додаваат фотки и ги обележуваат со точниот назив, што значи дека и вие може да земете учество во нејзиното секојдневно подобрување.
Мора да признаеме дека станува збор за интересна и одлична апликација. Конечно може да го дознаете името на она убаво цвеќе кое секојдневно го одминувате и му се восхитувате.