„Ракутен Вибер“, една од водечките светски апликации за размена на пораки објави купување на „Чатер Комерс“, старт-ап која ја создаде првата тастатура за мобилна трговија, „ЧопЧат“.

Купувањето е резултат на успешен четиримесечен период на апликацијата „Инстант Шопинг“ за американскиот пазар на „Вибер“.

30 отсто од корисниците на „Вибер“ во Америка веќе ја користат оваа апликација уште од нејзиниот почеток во март 2017 година. „Ракутен Инк.“, матичната компанија на „Ракутен Вибер“ и јапонскиот гигант за е-трговија, претходно вложиле во „Чатер Комерс“ за време на првиот круг финансирање.

„Ракутен Вибер“ презема важни чекори за напредување на мобилната трговија, давајќи им на корисниците можност за купување директно во самите разговори, знаејќи дека купувањето е традиционално социјална активност.

„Инстант Шопинг“ на корисниците им донесе искуство во купување во самиот разговор, кој им овозможува онлајн купување со луѓе со кои инаку би отишле на шопинг – давајќи им можност за пребарување, споделување и дискутирање за производите, па дури и директно комуницирање со нивните омилени брендови.

Тимот на „Чатер Комерс“ се состои од седум инженери со седиште во Сан Франциско, а овој тим наскоро ќе стане дел од тимот „Ракутен Вибер“. Зефрин Ласкер, извршниот директор и ко-основач на „Чатер Комерс“, ќе стане глобален лидер на е-трговијата во „Ракутен Вибер.

Тој ќе се насочи кон ширење на нови пазари, како и на истражување на повеќе технологии кои дополнително ќе го зајакнат искуството на „Вибер“.

„Го основавме „Чатер Комерс“ врз основа на фактот што на луѓето им требаше можност да прават многу повеќе освен разговори. Целта е да се прошири улогата која апликацијата ја има во секојдневниот живот на луѓето“, вели Зефрин.

„Ова вложување е нов чекор кон тоа да го претвориме „Вибер“ во комуникациска платформа која нуди повеќе услуги. Сакаме да донесеме повеќе вредности на стотина милиони наши корисници ширум светот, задржувајќи го искуството да биде едноставно и беспрекорно“, вели Џамел Агоуа, главен директор на „Ракутен Вибер“.