Досега, корисниците мораа да го купуваат Surface Book 2, доколку сакаа Microsoft лаптоп кој е поголем од 13,5 инчи. Наскоро, нема да биде потребно издвојување на толку голема сума на пари за поголем Surface.
Сајтот WinFuture тврди дека Microsoft ќе претстави 15-инчна верзија на следниот Surface лаптоп 3, во текот на својот настан закажан за 2. октомври. Деталите за уредите засега не се достапни, но Microsoft наводно планира да го задржи 3:2 односот на страници на екранот, како што тоа го прави за поголемиот Surface Book.
Покрај ова, сајтот The Verge очекува дека во текот на презентацијата ќе видиме Surface Laptop 3, кој ќе го покренува процесор на AMD, што би бил бил Surface заснован на AMD. Не е познато дали новиот чипсет ќе биде достапен за 15-инчен или 13,5-инчниот систем, или можеби за двата.
Во текот на октомврискиот настан би можеле да видиме неколку нови уреди на Microsoft, вклучувајќи го ажурираниот Surface Pro, систем со Qualcomm Snapdragon чипсет, но и Surface со два екрана за кој веќе некое време се зборува.