Станува збор за сосема нов концепт на авион со ознака ПАК-ДП Миг-41. Според луѓето кои учествуваат во овој проект, неговите карактеристики ќе бидат вистинска авангарда во однос на постоечките авиони кои моментално се наоѓаат во оперативна употреба. Ова пред сè се однесува на брзината, зашто основното барање е ПАК ДА да биде хиперсонично летало. Неговата проектирана брзина би требало да изнесува околу 4.500 километри на час.
Дилемата дали и понатаму да се продолжи со производство на исклучителниот ловец-пресретнувач Миг-31 или да се започне работа за развој на нова генерација авиони со слична концепција, покрај руската научна елита ја имаа и народните пратеници. Имено, за првпат за некое оружје се расправаше во Државната дума. Оваа расправа, во која покрај пратениците учествуваа и највисоките воени официјални ликови и експерти од областа на воздухопловството, беше одржана уште во 2013 година.
По исцрпната дискусија на собранискиот одбор, пратениците зазедоа став дека треба да се продолжи со производство на авионот Миг-31. Без оглед на неговата старост, современиот пакет на модернизација предвиден за овој апарат гарантира ефикасна одбрана на територијата на Руската Федерација, и тоа како од воздух, така и од космосот, истакнаа парламентарните претставници. Од друга страна, високите воени гости не се сложија со ваквиот заклучок на парламентарната група, истакнувајќи дека авионот Миг-31 е со застарен концепт и дека е потребно да се започне работа на развој на нова генерација ловец-пресретнувач, со многу поголем број можности.
Извор: Russia Beyond