Италијанската крајбрежна стража, во текот на патрола со хеликоптер, забележала кит долг 20 метри во близина на островот Елба во Тосканскиот архипелаг во Средоземното море.

Потоа е објавена снимка на социјалните мрежи, со објаснување дека китот бил забележан во период кога овие цицачи ја напуштаат водата во близина на бреговите на Лампедуза и во рок од 5 до 7 дена пристигнуваат до засолништето на морските цицачи Пелагос во Лигурското море, кое се наоѓа помеѓу бреговите на Лигурија, Тоскана и Корзика и Елба.

Неколку дена претходно биле воочени два кита како пливаат еден покрај друг на југот помеѓу брегот на Калабрија и Сицилија.

Забраните за движење на траектите и бродовите поради пандемијата на коронавирусот им овозможиле на китовите слобода во Месинскиот мореуз.

Извор: Kurir.rs