Минатата недела, Lenovo испрати покани за медиумите за настан каде што компанијата ќе лансира нов телефон од серијата „Note“. Компанијата сега потврди дека на 5 септември ќе ги лансира K10 Note и A6 Note.

Најновата покана на компанијата ни кажува дека K10 Note ќе има три камери на задниот дел, каде што ќе има и сензор за отпечатоци, а телефонот ќе биде достапен во две бои – црна и зелена.
lenovo2_74.jpg
A6 Note, од друга страна, ќе има систем со две камери на задниот дел, како и сензор за отпечатоци. Предниот дел ќе има 6,1-инчен дисплеј кој ќе има засек.

Другите спецификации од неодамнешниот Android Enterprise листинг вклучуваат Android Pie, 2 GB RAM меморија, до 32 GB простор за складирање. А доколку информациите од Geekbench се точни, A6 Note ќе го има чипсетот Helio P22.