Lenovo ја претстави својата најнова линија на производи, пред IFA 2019 саемот во Берлин . Оваа линија, составена од лаптопи, монитори, таблети и се-во-едно десктоп компјутери, е наменета за мејнстрим корисници, на кои им се потребни најнови технологии по прифатлива цена.

Најавени се два нови 13-инчни Windows 10 Lenovo IdeaPad лаптопи, кои пристигнуваат со мобилни процесори Intel Core до десетата генерација и до 16 GB RAM меморија. Појакиот модел во понудата е S540, кој доаѓа со брзо полнење, услугите на Cortana и Alexa, аудио поддршка на Dolby со инфрацрвена камера и биометриска верификација без користење на раце. Лаптопот ја користи Lenovo Q функцијата за машинско учење со цел контрола на температурата на лаптопот и оптимизација на батеријата и вентилаторот. Лаптопот ќе има почетна цена од 1.000 долари и ќе биде достапен на пазарот од октомври.

Кога станува збор за преносни уреди, тука се и новите Chromebook. Lenovo Chromebook C340 е таблет и лаптоп во едно – има флексибилна шарка од 360 степени, големина на екранот од 11 до 15 инчи. Дел од понудата ќе биде и моделот S340 со 14-инчен екран, кој исто така има и шарка од 360 степени, но и батерија која нуди до 10 часа работа.
lenovo2_75.jpg
Исто така, тука се и новите таблети – втора генерација на моделите Lenovo M7 и M8, со опции за Wi-Fi и LTE, кои нудат до 12 часа видео репродукција. Новите монитори на Lenovo доаѓаат во форма на 28-инчен L28u модел со 4K IPS дисплеј со широк агол и 34-инчен G34w гејмерски монитор, со заобленост 1500R, 21: 9 сооднос на страните и освежување од 144Hz. Цената на гејминг моделот ќе изнесува 480 долари, но не се очекува да излезе пред февруари.
lenovo3_12.jpg
Конечно, Lenovo го најави и десктоп-компјутерот IdeaCentre A540 all-in-one, кој е дизајниран во форма на кинески чемпрес. Станува збор за десктоп-компјутер со Windows 10, со деветта генерација на процесорот Intel Core i7 и AMD Radeon RX560 графичка картичка. Исто така, тука е и опцијата за QHD дисплеј и Dolby звучници. Компјутерот е достапен во верзии од 24 или 27-инчи и има база за полнење што може да го наполни телефонот дури и кога компјутерот е исклучен. Почетна цена на компјутерот е 800 американски долари.