Судејќи според се, сензорите за отпечаток од прстот, сместени во екранот на телефонот, ќе бидат трен кој ќе се пренесе и на 2019. година. Некои производители оваа година веќе објавија уреди со технологија која сензорот на отпечатокот го сместува под стаклото на дисплејот. Новиот извештај сугерира дека телефоните на Samsung од средната класа, ќе ги добијат овие сензори следната година.

Се очекува Samsung најпрвин да го претстави Galaxy S10 моделот со сензор за отпечаток вграден во самиот дисплеј, а сензорот ќе биде од ултрасоничен тип, кој го креира компанијата Qualcomm.

Информациите сугерираат и дека Qualcomm ќе ги обезбедува ултрасоничните сензори за Galaxy серијата од средниот сегмент, односно новите модели кои се очекуваат следната година.

Ова не претставува изненадување, бидејќи јужнокорејскиот гигант неодамна ја ревидира својата деловна стратегија и во иднина ќе се фокусира на донесување на напредната технологија и во подостапните уреди.