HMD Global годинава прв пат ќе биде присутен на IFA саемот во Берлин, на кој на 5 септември ќе промовира неколку нови паметни телефони, брендирани со називот Nokia.

Меѓу нив, го очекуваме и Nokia 7.2, кој ќе понуди тројна главна камера со Zeiss оптика. Додека чекаме официјално претставување на уредот, неговото постоење е потврдено токму од вработен во Zeiss, кој дури објави и фотографија од главната камера.

Во објавата е појаснето дека моделот Nokia 7.2 бил прикажана на медиумска група во седиштето на Zeiss пред официјалното претставување во септември. Фотографијата ја покажува кружната површина на камерата со три сензори и блиц, а под нив е капацитивен сензор за отпечатоци.

Според сегашните гласини, главниот сензор ќе биде 48MP, а ќе има сензор со ултра широкоаголна оптика и сензор за бока ефект.