Кинескиот технолошки гигант Huawei го претстави својот нов таблет, 10,8 инчниот Mate Pad Pro.

Технолошките аналитичари сметаат дека Mate Pad Pro е одговор на 11 инчниот iPad Pro на Apple, но сега се познати неговите спецификации, па да ги воочиме разликите и сличностите.

Имено, Mate Pro има тенки рамки од 4,9 милиметри и предна камера од 8 мегапиксели. Исто така има и малку поголема резолуција на екранот од 2.560 x 1.600.

Mate Pad Pro со тастатурата наликува на iPad Pro. Таблетот тежи исто како и iPad Pro, околу 460 грама. Mate Pro е со дебелина од 7,2 милиметри и е нешто подебел за разлика од 5,9 мм. на iPad Pro.

Спецификации:

-Кирин 990 процесор и EMUI 10 втемелен на Android 10, така што најверојатно нема да има пристап до Google Play за меѓународните верзии.

-Главна камера од 13 мегапиксели и 128 GB интерна меморија.

Цената на металик-верзијата на таблетот на Huawei изнесува 470 долари или околу 420 евра, додека верзијата со 8 GB RAM и 256 GB интерна меморија изнесува 710 долари или 645 евра.

Сè уште не е познато дали и кога Мate Pad Pro ќе пристигне во САД и Европа.

Извор: Klix.ba