Компанијата  EasyJet им овозможува на своите патници да позајмат книга и така да го поминат летот. Над 60.000 книги се достапни на 300 летови. Се работи главно за детски книги, и главната цел е да им се помогне на семејствата кои патуваат со деца. Книгите се наоѓаат во џебовите на седиштата. Оваа нова програма на компанијата, вклучува и забава на самите терминали за патниците кои летаат од аеродромот Лондон Лутон. Станува збор за низа активности кои вклучуваат ликови од детските книги.