Кинескиот технолошки гигант Huawei ги објави плановите за отворање илјада нови работни места во своите центри за истражување и развој во Русија во текот на наредните пет години.
Huawei планира да ангажира околу 500 луѓе во своите локални центри за истражување и развој до крајот на годината“, соопшти канцеларијата за односи со јавноста на производителот на мобилни телефони.
Тие велат дека планираат во наредните пет години да вработат повеќе од илјада професионалци за истражување и развој. Huawei во моментот вработува 400 луѓе во својот центар во Москва и уште 150 во Санкт Петербург, но планира да отвори три нови центри за истражување и развој во таа земја до крајот на годината.
Компанијата минатата недела го претстави оперативниот систем Harmony OS, откако дозволата за користење на оперативниот систем на Google беше загрозена со одлуката на САД да го стават Huawei на црната листа на кинески компании со кои им е забрането да работат на американските компании.