Од моментот кога Huawei се најде на црната листа на американската администрација и поради ова има безброј проблеми во соработка со американски продавачи на софтвер и хардвер, се повеќе се зборува дека кинескиот гигант подготвува сопствен оперативен систем.
Во минатото, неколку високи функционери на Huawei потврдија дека со години работат со оперативен систем сличен на Android, но остануваат шпекулации за тоа кога првите вакви телефони би можеле да се појават на пазарот.
Google последователно доби дозвола да ја продолжи соработката со Хуањеи, но само до средината на август, и веќе станува јасно дека кинескиот гигант го подготвува пазарот за моментот кога таа соработка дефинитивно ќе заврши.
Па така, Huawei веќе би можел да лансира нов смартфон до крајот на оваа година, кој ќе работи на неговиот оперативен систем Hongmeng, односно оперативен систем базиран на Android развиен од самиот Huawei, пренесе Reuters, повикувајќи се на кинески државни медиуми.